Полициски службеници од полициската станица во Гази Баба вчера извршиле контрола во угостителски објект во скопското село Црешево, во врска со почитување на мерките за спречување на ширењето на ковид-19, при што таму биле затекнати 32 лица, меѓу кои и сопственикот Г.И. (56) од селото Булачани.
Од МВР информираат дека сопственикот и гостите биле лишени од слобода и приведени во Полициската станица Гази Баба.
„По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“,
се наведува во соопштението на МВР.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.