Компанијата не соопшти зошто ја укинува оваа линија, а не е познато ниту дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање
Од 9 март 2025 година, „Визер“ ја укинува авиолинијата Скопје–Будимпешта. Ова е седмата линија што компанијата ја повлекува во последнава година. Од јануари 2025, „Визер“ престана да лета за Салцбург и Бремен, а ги укина и летовите за Келн, Копенхаген и Стокхолм-Скавста.
Компанијата не соопшти зошто ја укинува оваа линија, а не е познато ниту дали ќе биде вратена со зимскиот ред на летање.
Во меѓувреме, „Визер“ доби субвенции од Владата за нови летови до Лион, Барселона и Штутгарт, кои веќе се достапни за резервација.
Компанијата опслужува речиси 60 отсто од дестинациите од Скопскиот аеродром.
Владата од оваа година најави дека ќе врши субвенционирање на авиопревозот по дестинации, а не како досега по авиокомпании, со цел да се намали зависноста од една авиокомпанија.