На сила остануваат и сите други мерки за заштита од ковид-19
Забраната за движење за време на викендот ќе почнува во 19 часот и ќе завршува во 05 часот следниот ден, одлучи Владата на денешната седница.
Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13:00 до 19:00 часот, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 05:00 до 12:00 часот.
Во владиното соопштение се истакнува дека на сила остануваат и сите други мерки за заштита од ковид-19.
Министерот за здравство Венко Филипче денеска најави дека од бројот на новозарзаени следните денови ќе зависи натамошното олабавување на рестрикциите. Утре, Владата ќе одлучува за времетраењето на забраната за движење од понеделник.
Бројката на заболени од ковид-19 во земјава бележи пад од 15 април, кога биле регистрирани најмногу заболени – 107, според најновата статистичка анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) објавена денеска. Анализата се однесува на периодот заклучно со 5 мај, кога во земјава беа регистрирани 1 539 случаи.
