Продолжува онлајн наставата во средните училишта, а во соработка со Министерството за образование, и учениците од петто до осмо одделение ќе бидат префрлени на часови на далечина
Кризниот штаб на владата на Србија одлучи за викендот што претстои да биде затворено сѐ на цела на територија на државата, освен продавниците со храна, аптеките и бензинските пумпи.
Ова на прес-конференција по седницата го соопшти покраинскиот секретар за здравство, Зоран Гојковиќ.

Што се однесува до следната недела, Гојковиќ рече дека продолжува онлајн наставата во средните училишта, а во соработка со Министерството за образование, и учениците од петто до осмо одделение ќе бидат префрлени на часови на далечина.
Учениците од пониските одделенија во основните училишта, пак, ќе продолжат со наставата како и досега.
Оваа викенд-мерка е слична на минатонеделната кога, поради верскиот празник, затворањето на сите објекти, освен тие за храна, аптеките и бензинските пумпи, беше од сабота напладне.
За медицинскиот дел од Кризниот штаб овие мерки се недоволни и бараат затворање на кафеаните во текот на целата недела поради растечкиот број на новозаразени кои во последно време се движат меѓу 3 и 4 000 дневно.