По сончевиот викенд, од УХМР велат дека во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, најпрвин во северните делови од земјата. Потоа ќе преовладува умерено до значително облачно и посвежо време со повремен дожд
Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 10, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степени.
Во Скопје денеска ќе биде сончево и топло со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 29 степени.
Како што најавија од Управата за хидрометеоролошки работи, во деновите од викендот ќе се задржи сончево време со свежи утра, а ќе биде релативно топло преку денот.
Но, такво ќе биде времето уште утре.
„Во текот на ноќта кон понеделник ќе започне продор на студена воздушна маса од север, проследен со засилен северен ветер и со значително опаѓање на температурата, најпрвин во северните делови од земјата. Потоа ќе преовладува умерено до значително облачно и посвежо време со повремен дожд, особено во вторник. Во понеделник ќе дува умерен до засилен северен, а во вторник ќе засилува јужен ветер“,
велат од УХМР.