Целта на Русија е да го уништи снабдувањето со електрична енергија, вода и топлина во зима и да ги стави животите на милиони луѓе во директна опасност. Тоа е исто како да се користи оружје за масовно уништување, рече украинскиот претседател

Зеленски тврди дека Украина ќе победи во војната против Русија. Пофалувајќи ја издржливоста и придонесот на обичните граѓани во воените напори, украинскиот лидер рече дека неговата земја ќе продолжи да се бори и ќе даде голем отпор.
„Може да останеме без пари. Нема бензин. Да нема топла вода. Да нема светлина. Но, не без слобода“,
рече Зеленски во видео обраќање.
Зеленски, во посебното обраќање до Парламентарното собрание на НАТО рече дека Русија се обложила на геноцидна политика.
„Русија се обложи на геноцидна политика и затоа ја уништува нашата енергетска инфраструктура. Целта на Русија е да го уништи снабдувањето со електрична енергија, вода и топлина во зима и да ги стави животите на милиони луѓе во директна опасност. Тоа е исто како да се користи оружје за масовно уништување, апсолутно злосторство“,
рече тој.
Зеленски рече дека Украина треба да стане полноправна членка на Европската Унија и НАТО и повика да се поддржат апликации за членство во ЕУ и Алијансата.