Забележувајќи дека луѓето едвај чекаат да се соберат и да размислат за невообичаената и тешка 2020 година, СЗО предупредува дека собирањето луѓе од сите возрасти, вклучувајќи го и семејството, верските групи и пријателите, носи значителен ризик од зголемен пренос на ковид-19 за време на претстојната празнична сезона
Здравствените работници ја поддржуваат кампањата „Празнувај одговорно“ за подигнување на свеста на граѓаните за почитување на мерките во пресрет на празниците. Тие порачуваат дека има време за големи журки и големи забави, кои сите граѓани ги посакуваат.
„Да не се опуштаме сега, да избегнеме собири, ќе има други прослави на Нова година. Сега е важно сите да останеме дома, да не се групираме. Граѓаните новогодишните празници да ги поминат во кругот на најтесното семејство, без да се групираат, за да може наредната Нова година да биде сосема на друг начин прославена. Направете го тоа за вашите најмили, а со тоа ќе не заштитите и нас. Оваа состојба ќе заврши еден ден и ќе имаме многу подобро утре. Им порачуваме на сите граѓани сѐ она што е возможно да се одложи, да го одложат за некои наредни нови години да ни бидат подобри. Да ги почитуваат мерките за заштита и превенција, со цел да имаме подобар исход и да излеземе како победници, сите заедно, од сето ова. Сѐ ова ќе помине, ќе дојдат поубави и посреќни моменти“, .
порачуваат здравствените работници.
Светската здравствена организација (СЗО) објави совети до Европејците кои ќе го прославуваат Божик со пријателите или семејството, да се обидат да слават надвор или да носат маски во добро проветрен затворен простор.
Советите, објавени на веб-страницата на СЗО за европскиот регион, опфаќаат широк спектар на прашања поврзани со зимската рекреација и празниците, вклучително и дали да се направи пауза за скијање и сезонски прослави, објави британскиот весник „Гардијан“.
Забележувајќи дека луѓето едвај чекаат да се соберат и да размислат за невообичаената и тешка 2020 година, СЗО предупредува дека собирањето луѓе од сите возрасти, вклучувајќи го и семејството, верските групи и пријателите, носи значителен ризик од зголемен пренос на ковид-19 за време на претстојната празнична сезона.
Се препорачува, без оглед на локацијата, верските служби да се одржуваат на отворено секогаш кога е можно или да бидат ограничени по големина и времетраење.
Исто така, се сугерира дека Божиќните собири треба да се одржуваат надвор, ако е можно, учесниците да носат маски и да одржуваат физичка дистанца. Ако собирите се случуваат во затворен простор, потребно е ограничување на големината на групата и обезбедување добра вентилација за да се намали ризикот од изложеност се клучни.
Можеби изгледа непријатно да се носат маски и да се одржува физичко растојание во близина на пријателите и семејството, но значително придонесува за да се осигура дека сите ќе останат безбедни и здрави, соопшти Советот на СЗО.