Се зголемува бројот на жртви од уривањето на надвозникот во Мексико сити во момент кога на него минуваше метро. Властите информираат дека досега има најмалку 26 загинари, а над 80 лица се повредени. На поголемиот дел од повредените им е укажана лекарска помош по што се пуштени на домашно лекување.
Надвозник, пред четири дена се урна во главниот град на Мексико во момент кога низ него минуваше метро. Инцидентот се случил на отворен дел од системот за брз транзит. Снимките за надзор покажуваат движење на автомобили и моментот на уривањето.
Сè уште не се познатие детали за несреќата. Како што јавија локалните медиуми надвозникот, кој е пуштен во употреба во 2012 година, би оштетен во 2017 година за време на земјотрес.
Сообраќајот со метрото е запрен. Речиси 5,5 милиони луѓе користат метрото во Мексико Сити секој ден. Има 12 линии и 195 станици.