Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, во интервју за „360 Степени“ зборуваше за изборите кои беа одложени поради кризата со коронавирусот и за тоа кога би можеле да бидат презакажани.
„Проценки може да се прават уште од сега и да бидат сценарио А, сценарио Б итн, но тоа не би значело ништо посебно. Ако прашувате директно, може во јуни, може во јули, може септември, октомври, ноември па и редовни во декември. Оптимистичките сценарија, според проекциите на здравствените експерти дека кулуминацијата би била за еден месец од сега, тоа е крајот на април, а после тоа би следувал процес кадешто повеќе луѓе во бројки се излечени и веќе се дома и нормално живеат, отколку што има новозаразени, и во јуни ако би биле избори… зборувам многу широко, заради што не размислуваме во СДСМ на тоа, за да може да се проектира кампања којашто не би била со групни митинзи, големи настани и слично, туку еден подруг тип на кампања“,
рече Заев.
Во однос на другите сценарија, рече дека единствено август не се гледа како опција, а сите наредни месеци до декември може да бидат опција за одржување на изборите, се до 11 декември како последен датум, со оглед на последните парламентарни избори во 2016 година.