Според Олга Гирина, раководителка на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка, последен пат овој вулкан бил активен околу 1463 година, со можна пауза од 40 години
На рускиот Далечен Исток, на полуостровот Камчатка, е забележана првата ерупција на вулканот Крашениников по повеќе од шест века, што експертите го поврзуваат со силниот земјотрес што го погоди подрачјето пред неколку дена.

Ерупцијата се случила ноќта меѓу 2 и 3 август.
Според Олга Гирина, раководителка на тимот за одговор на вулкански ерупции на Камчатка, последен пат овој вулкан бил активен околу 1463 година, со можна пауза од 40 години.
„Ова е првата историски потврдена ерупција на вулканот Крашениников во последните 600 години“,
изјави таа за руските медиуми.
Од видеата што се споделуваат на социјалните мрежи, снимени од хеликоптер се гледа како од вулканот излегува густ чад.
⚡️⚡️ The first ever eruption of the Krasheninnikov volcano occurred in Kamchatka — in the morning it threw ash to a height of 5-6 km.🌋The eruption may be associated with a recent strong earthquake, and it does not pose a threat to residents — the ash plume went towards the… pic.twitter.com/zeGZvfIeX8
— mặt🌗trăng” (@MatTrang911) August 3, 2025
Вулканот Крашениников е висок 1 856 метри, а движењето на часот и пепелта е насочено кон исток, кон Тихиот Океан.
Нема закана за населените места.
Експертите укажуваат дека е можна причинско-последична врска помеѓу силен земјотрес и вулканска активност.
Имено, четири дена пред ерупцијата, Камчатка е погодена од најсилниот земјотрес од 1952 година, со магнитуда од 8,8 степени според Рихтеровата скала.
Потреси се почувствувани и на северните Курилски Острови. Потоа се издадени предупредувања за цунами, а бранови делумно го оштетија пристаништето и другите објекти на брегот.
По земјотресот, знаци на зголемена вулканска активност се забележани на неколку точки на Камчатка. Ерупција е регистрирана и на вулканот Кључевска, познат како најактивен на овој полуостров.
Руските власти соопштија дека остануваат во состојба на готовност, разгледувајќи ги можните понатамошни вулкански или сеизмички потреси во овој регион.