Врева и контра-врева вечерва се организираше во Србија во текот на полицискиот час.
По традиционалниот аплауз за здравствените работници, четврта вечер по ред во 20:05 часот се организираше акцијата „Дигни глас: Со врева против диктатурата“. Во акцијата граѓани со свиркање, трубење, тропање на тенџериња и извици го изразуваат своето негодување против власта на претседателот Александар Вучиќ.
Меѓутоа, вечерва имаше уште една слична акција, но против опозициските политичари. Идејата за акцијата, првично ја спомна пратеник од власта, а потоа и Здружението за заштита на младите повика на таква акција.
„Кажете гласно НЕ! На тајкунските политичари, оние кои станаа милионери на сметка на граѓаните, на политичките насилници и нивните лаги, против луѓето кои навиваа за короната против Србија“, пишуваше во повикот на Здружението.
Така, вечерва во 20:30 часот, дел белграѓани излегоа да и учествуваа во оваа акција и извикуваа „Ѓиласе лопове“, против лидерот на Партија за слобода и правда (ССП), Драган Ѓилас,