Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, изјави дека денеска има повеќе од 40 пожари на отворено, а околу пладне се појавиле повеќе од 15 пожари на отворено, кои поради ветерот се шират брзо и зафатија повеќе села, кои се непуштени, или се со малку жители. Како што рече, денеска гори речиси цела Источна Македонија
Возрасен маж почина во кумановското село Кокошиње, задушен од чад. Оваа информација вечерва ја сподели Центарот за управување со кризи (ЦУК), посочувајќи дека сопругата на починатото лице е успешно евакуирана.

Стојанче Ангелов, директорот на ЦУК, изјави дека денеска има повеќе од 40 пожари на отворено, а околу пладне се појавиле повеќе од 15 пожари на отворено, кои поради ветерот се шират брзо и зафатија повеќе села, кои се напуштени или се со малку жители. Како што рече, денеска гори речиси цела Источна Македонија.
„12 села беа зафатени со пожарите на отворено, а изгорен многу куќи. За жал во селото Кокошиње возрасен маж се задуши во чадта, а сопругата му е евакуирана. Изразувам жалење за овој случај“,
рече тој.
Ангелов посочи дека сите жители на селата се навремено евакуирани од своите куќи, иако посочи дека имале проблем со неколку жители да ги извадат надвор од нивните домови.
Пожарите, според него, се тешки за гасење поради ветрот, па локалните пожарникари не знаеле каде попрво да дејствуваат.
„Полициските хеликоптери и армискиот хеликоптер, како и трите ‘ертрактори‘ на Дирекцијата за заштита и спасување, но немаа голем ефект. Во текот на ноќта ќе ги обезбедиме селата со механизација. Пламени јазици се движат и кон Свети Николе, но ќе се обидеме да ги спречиме“,
вели Ангелов.
Во Општина Куманово со пожар се зафатени три села, и тоа Кшање, Кокошиње и Мургаш, каде што има главно викендици, а изгорени се неколку стари куќи.
Во Општина Старо Нагоричане се зафатени селата Малотино, Руѓенце и Коњу, каде што има малку жители и има стари куќи.
Во Општина Свети Николе со пожар е зафатено село Немањици, кое е живо село и каде изгореле десетина куќи, од кои најмалку една изгорена куќа е нова. Зафатени се и селата Орел, каде што пожарот започна, а исгорена е само една стара куќа. Во селото Малино се изгорени многу куќи, но ЦУК нема информација за колку точно станува збор.
Во Општина Пробиштип се зафатени две села, Горно Барбарево и Стрисоце, каде што има изгорено куќи.
Во Штип е зафатено селото Стар Караорман, живо село, немаат информации какви куќи се изгорени.