Тимот го предводи Никол Ман (45), пилот ветеран на борбен авион, и таа влегува во историјата на вселенските летови како прва жена испратена од НАСА во орбитата и прва која е командант на екипажот на „Спејс икс Кру Драгон“
Компанијата на Илон Маск „Спејс икс“ го лансираше екипажот на Меѓународната вселенска станица во орбитата како дел од петмесечната програма за мисии.
Екипажот се состои од двајца американски и по еден јапонски и руски космонаут. Носачот „Спејс икс“, кој се состои од врв на ракета „Фалкон 9“ со капсула „Кру драгон“ наречена „Ендјуранс“, полета од вселенскиот центар Кенеди на НАСА во Кејп Канаверал, Флорида.
Четиричлениот екипаж се очекува да пристигне на Меѓународната вселенска станица околу 29 часа по лансирањето и ќе започне петмесечна мисија во орбиталната лабораторија – лоцирана на околу 420 километри над Земјата.
Crew-5 is go for launch pic.twitter.com/gfVxhtLrdC
— SpaceX (@SpaceX) October 5, 2022
Астронаутите во црно-бели костуми, пред полетувањето, мафтаа со толпата и се поздравија со своите пријатели и семејства пред да се упатат кон местото на лансирање.
Тимот го предводи Никол Ман (45), пилот ветеран на борбен авион, и таа влегува во историјата на вселенските летови како прва жена испратена од НАСА во орбитата и прва која е командант на екипажот на „Спејс икс Кру Драгон“.
Watch Falcon 9 launch Dragon and Crew-5 to the @space_station → https://t.co/k09m3qyfv5 https://t.co/qiQXitqNjn
— SpaceX (@SpaceX) October 5, 2022
Во мисијата е вклучена и Ана Кикина (38), активен член на руската вселенска агенција Роскосмос.
За време на нивниот престој во орбиталната лабораторија, екипажот ќе спроведе над 200 научни експерименти и технолошки демонстрации во области како што се здравјето на луѓето и системите за користење гориво.
Dragon has separated from Falcon 9’s second stage pic.twitter.com/DzqsCb04Hz
— SpaceX (@SpaceX) October 5, 2022
Фото: EPA-EFE/NASA/Joel Kowsky