Иако временскиот фронт е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападен јапонски голем остров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд
Жителите на Јапонија беа повикани да бидат внимателни денеска бидејќи тајфунот Шаншан, во кој загинаа четворица, а повредени се најмалку 96 лица, продолжи да се движи кон североисточниот дел на земјата.
Бројот на жртвите го објави јапонската телевизија НХК. Ова е десетти тајфун сезонава во Јапонија.
Flooding in Ninomiya in Japan due to heavy rain from typhoon Shanshan…..pic.twitter.com/g6SvGewy1i
— Volcaholic 🌋 (@volcaholic1) August 30, 2024
Typhoon Shanshan hits Japan, The Japan Times
— Trending News (@Trend_War_Newss) August 29, 2024
The storm left 255,000 homes without electricity, forced authorities to evacuate millions of residents, and airlines canceled nearly 800 flights.
The natural disaster also forced the closure of major factories, including automakers… pic.twitter.com/kCJ7sun4JE
Иако временскиот фронт е ослабен откако вчера рано наутро тајфунот го погоди Кјушу, југозападен јапонски голем остров, тој продолжи да минува низ големи делови од земјата со обилни врнежи од дожд.
Следуваа поплави и причинета е штета, а сообраќајот беше сериозно во прекин.
Typhoon 10 Shanshan not affecting Tokyo too badly yet but it’s supposed to over the weekend as it moves north through Japan. pic.twitter.com/3hHMj8Vp5i
— Xcomp (@xcompr) August 29, 2024
Јапонските метеоролошки власти ги повикаа жителите да бидат крајно внимателни поради зголемениот ризик од лизгање на земјиштето и поплави. Три лица загинаа во лизгање на земјиште во централниот регион Аичи.
Во Токушима на Шикоку, најмалиот од четирите главни јапонски острови, 80-годишен маж загина кога се урна покривот на неговата куќа, објави НХК.