Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува министерката за одбрана и претседавач со Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, се емитува вечерва (22 јануари 2024 г.) од 22:20 часот на МРТ 1
Министерката за одбрана и претседавач со Централниот одбор на СДСМ, Славјанка Петровска, која гостува во новото издание на „360 степени“ на МРТ 1, ја прашуваме – колку е правно можно, но и политички логично мандатарот Талат Џафери да предложи преодна влада без кандидати за министри за внатрешни работи и за труд, позиции кои со закон и припаѓаат на ВМРО-ДПМНЕ? Разговараме и за пораката од американскиот претседател кој вели: „Ако ние заминеме (мисли на запирање на поддршката што САД и ја даваат на Украина), а Русија опстои и ја победи Украина, што мислите дека ќе се случи со балканските земји“. Тема се и предлог-законот за вработените во Министерството за одбрана, ревизорскиот извештај за 2022 година, модернизацијата на Армијата, најавената набавка на хеликоптери, огласите за вработување на 300 професионални војници и 30 офицери (пред избори), социјалниот дијалог со синдикатите…
Емисијата се емитува од 22:20 часот на МРТ 1.