Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (4 јули 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание донесуваме:
– Владата пред усвојување на реформската агенда од Планот за раст со кој земјава треба да добие 750 милиони евра од ЕУ; „Ова е можност што треба да се искористи“, вели доскорешната државна секретарка во СЕП, Дрита Абдиу-Халили;
– Интервју со Дејвид Гир пред крајот на неговиот амбасадорски мандат за новата политичка реалност во земјава по изборите, што значи тоа за односите со ЕУ, може ли да се репреговара Договорот со Бугарија, дали ЕУ ќе поддржи распуштање на Судскиот и на Советот на јавни обвинители;
– Зошто од Скопје до Сопиште сè уште не може да се стигне преку Водно – патот е готов, но по него се движат само пешаци и моторџии;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.