Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (2 ноември 2023 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Теми за ова издание:
– Пасошко (во МТВ) деновиве беше преплавено од ѓубре; МВР ѝ ги раскина договорите на фирмата што за 7,5 милиони евра требаше три години да ги чисти сите полициските простории во земјава; Засегната компанија обвинува за конкурентски и лични апетити, од Министерството одговараат – имаше поплаки и сè е законски;
– План за нов Kлинички кај старата воена болница постои од 2005 година – открива ексдржавната секретарка во Министерството за здравство и пратеничка во Собранието, Ратка Куљан-Зографска;
– По пораката од владиката Јован дека ќе биде тешко да се очекува томос од Цариград по оној од Белград: До каде е решавањето на македонското црковно прашање – анализа со новинарите Марјан Николовски и Бранко Ѓоргевски;
– Зошто не паѓа дивоградбата зад поликлиниката Ченто – прашање до градоначалникот на Гази Баба, Бобан Стефковски.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.