Новото дебатно издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува претседателот на Собранието, Јован Митрески, се емитува вечерва (5 февруари 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Што значат превирањата во Алијанса за Албанците за внатрешната динамика во функционирањето на Собранието и што ако стигне предлог за разрешување на одреден министер од оваа партија – го прашуваме претседателот на Собранието, Јован Митрески, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Тема се и случувањата во парламентот за време на седницата за избор на техничката влада и причините и околностите за отворање на посебниот дел од ложата за новинарите гости од Косово и од Албанија. Во разговорот, Митрески најавува дека планира изборите – и претседателските и парламентарните – да ги распише на 14 февруари, а одговара и на дилемата колку е политички логично во период на техничка влада, да имаме парламент што работи според редовна агенда. Првиот човек на Собранието открива и какви му се намерите со прашањето за пополнување на испразнетото место во ДИК и дали, кога и во каква форма измени на Изборниот законик би се нашле на дневен ред. Митрески одговара и на серија други прашања.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.