Новото издание на емисијата „360 степени”, во кое гостува ново-старата претседателка на Судскиот совет, Весна Дамева, се емитува вечерва (15 декември 2023 г.) од 22:20 часот на МРТ 1
По пресудата на Управниот суд со која се врати на претседателското место во Судскиот совет, а во пресрет на седницата на ова тело в среда на чиј дневен ред е и извештајот по иницијативата за разрешување на Беса Адеми од функцијата претседател на Врховниот суд, во првото издание на емисијата „360 степени“ во новата година гостува шефицата на Судскиот совет, Весна Дамева. Разговараме за тоа каква е атмосферата во Советот пред седницата в среда, дали ќе има мнозинство за разрешување на Беса Адеми, како Дамева ја разбира пораката од холандскиот амбасадор по средбата со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, препознава ли партиско-политичка позадина во иницијативата за разрешување на Адеми, дали со нејзиното враќање на претседателската позиција во Судскиот совет е затворен случајот со незаконското разрешување, какви се нејзините односи со членот на Советот Селим Адеми – иницијаторот за нејзино разрешување, дали заедничката фотографија со Зоран Заев и е товар во работата, како ќе се постави Советот кон препораките од Оценската мисија на ЕУ…
Емисијата се емитува од 22:20 часот на МРТ 1.