Новото магазинско издание на емисијата „360 степени” се емитува вечерва (19 декември 2024 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во ова издание:
– Антикорупциска пред одлука дали вонредното унапредување и поставувањето на Сашко Лафчиски за началник на Генералштабот на Армија биле законски; „Досега нема документи кои имаат степен на класификација, што значи дека нема да бидеме попречени во носење на одлука и без поседување безбедносни сертификати“, најавува претседателката на ДКСК;
– Собранието разреши двајца, а Владата предлага разрешување на уште двајца од седум члена на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ); претседателот на РКЕ стравува дека „ако продолжи постапката за останатите два члена, Регулаторната комисија за енергетика нема да биде во можност да носи каква било одлука“;
– Истражување на ЦГК – општините трошат над милион евра годишно на забавни манифестации и пејачи без јасни критериуми; „Ова го сметам како еден вид свадба на градот и која музика ќе настапи, кој уметник, еден од критериумите е тој да може да привлече маса на луѓе“, вели градоначалникот на Кавадарци;
– Додека се чека одлуката на Уставен за законот за јазици, Агенцијата за примена на албанскиот се жали на неприменливост на една одредба; „Ако Агенцијата прави преводи секојдневно, се губи вредноста на оваа институција, односно се претвора во преведувачка канцеларија“, смета директорот Гранит Османи;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот на МРТ 1.