Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (21 мај 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1
Во „360 степени“ ќе гледате:
– имавме детален увид во предметот за набавката на мазут за ТЕЦ „Неготино“ – објавуваме што рекле во обвинителството претставниците на ЕСМ и што велат за тоа од раководството на државната енергетска компанија;
– потребна ли е предизборна регулација на инфлуенсерите; Невриј Адеми, на пример, имал 217 објави за политика пред ланските локални избори во земјава;
– изминаа четири години откако известивме дека Вишиот управен суд потврди поништување на денационализација на поголема парцела на источниот влез во Скопје, со што земјиштето треба да се врати во посед на државата; и додека државата да си го врати, на спорното земјиште се вцртува трговски центар;
– што значи предлогот на германскиот канцелар Мерц за европската перспектива на земјите од Западен Балкан, Украина и Молдавија – интервју со Горан Свилановиќ;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:15 часот.
