И покрај големата оддалеченост, граѓаните со јајца фрлале по членовите на Српската напредна странка кои доаѓале на средба со раководството на СНС на улицата 7 Јули, а тоа се обиделе да го сторат и од другиот брег на реката Нишава
По враќањето од состанокот на членовите, градските и општинските функционери на Српската напредна партија во Офицерскиот дом во Ниш, градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, беше нападнат од група учесници на денешниот протест, јави Бета.
Кон Павловиќ гаѓале со јајца и камења, еден маж го турнал, а друг го полил со вода.
Kud naleteh na tebe nesrećo?! 🥲
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) March 21, 2025
Gradonačelnik Niša Dragoslav Pavlović! 🙃#niš pic.twitter.com/fzW2evPfmL
Павловиќ не возвратил, а луѓето кои биле со него се обиделе да го заштитат покривајќи го со својата облека.
Видеото од нападот се споделува на социјалните мрежи.
#BREAKING #Serbia JUST IN: Chaos Erupts in Niš as Protesters Target Officials.
— The National Independent (@NationalIndNews) March 21, 2025
Niš descended into chaos today as citizens confronted local officials, including Mayor Dragoslav Pavlović, amid escalating tensions surrounding a planned rally by the ruling Serbian Progressive Party… pic.twitter.com/5f7x7vfDKs
Нападот се случил откако завршил протестот на студентите и граѓаните, а студентските редари се оддалечиле од паркот пред Офицерскиот дом и околните улици.
Протестот на студентите и граѓаните на Ниш заврши околу 20 часот, додека средбата на членовите и функционерите на Српската напредна странка во Офицерскиот дом во Ниш заврши околу 19 часот и 30 минути.
Според неофицијални информации, на состанокот не присуствувале претседателот на Српската напредна странка, Милош Вучевиќ, претседателката на комитетите на белградската СНС, Ана Брнабиќ и претседателот на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ.
Како што пренесе Бета, според неофицијални информации, градоначалникот на Ниш, Драгослав Павловиќ, ги известил присутните во Офицерскиот дом за отсуството на лидерот на СНС, а како причина навел „голем безбедносен ризик“.
Протестот се одвиваше со максимални безбедносни мерки, со бројни припадници на жандармеријата и полицијата во паркот пред Офицерскиот дом и во соседните улици.
Офицерскиот дом во Ниш бил опкружен со метална ограда и не можело да се приближува поблиску од 150 метри.
И покрај големата оддалеченост, граѓаните со јајца фрлале по членовите на Српската напредна странка кои доаѓале на средба со раководството на СНС на улицата 7 Јули, а тоа се обиделе да го сторат и од другиот брег на реката Нишава.