Властите започнаа истрага за да ја утврдат причината за несреќата. Во инцидентот учествуваше трамвај „Трамлинк“, кој може да прими максимум 66 патници. Долг е околу 25 метри и се состои од три поврзани вагони
Најмалку едно лице загина, а 39 други се повредени, од кои некои потешко, во сериозна трамвајска несреќа во Милано. Несреќата се случила денеска околу 16 часот, кога трамвај излетал од шините на „Виа Виторио Венето“ во северниот дел од градот, јавува Би-би-си.

Според првичните извештаи, преполниот трамвај удрил во страната на зграда. Се верува дека починатиот е пешак, додека повеќето од повредените се патници во возилото. Бројни служби за итни случаи пристигнале на местото на настанот, а има и извештаи за луѓе заробени во урнатините. Службениците за цивилна заштита поставиле шатор за да им пружат помош на повредените.
𝐈𝐥 𝐦𝐨𝐦𝐞𝐧𝐭𝐨 𝐞𝐬𝐚𝐭𝐭𝐨 𝐝𝐞𝐥𝐥’𝐢𝐦𝐩𝐚𝐭𝐭𝐨 ⬇️#Milano #Tram pic.twitter.com/a26GZdncN6
— Mi-Tomorrow (@MiTomorrow) February 27, 2026
Патниците опишаа како, непосредно пред несреќата, слушнале бучава под трамвајот, по што возилото скршнало, забрзало и се удрило во зградата.
„Мислев дека е земјотрес. Седев и одеднаш паднав на подот, како и другите патници. Беше ужасно“,
изјави еден човек за новинската агенција Анса.
uno dei nuovi tram é deragliato a milano botto fortissimo ho filmato questo lato non mi sarei mai aspettato di vedere sull'altro lato alcune persone sotto il tram non capisco come sia possibile forse stavano attraversando pic.twitter.com/tXons3MwAI
— ad410m (@ad410m) February 27, 2026
„Само што слушнав силен тресок. Видов како дел од трамвајот влегува во продавницата“,
изјавила за АФП 27-годишната Ана, која била во блиската канцеларија.
Сè уште не е јасно што предизвикало трамвајот да излета од шините, но медиумите шпекулираат дека возилото можеби пребрзо влегло во остра кривина. На местото на несреќата пристигнале и градоначалникот на Милано Џузепе Сала, и други градски службеници.
Властите започнаа истрага за да ја утврдат причината за несреќата. Во инцидентот учествуваше трамвај „Трамлинк“, кој може да прими максимум 66 патници. Долг е околу 25 метри и се состои од три поврзани вагони.
Ова е нова флота стекната од локалната транспортна компанија „АТМ“, со инвестиција од 160 милиони фунти. Вкупно 74 трамваи „Трамлинк“ влегоа во употреба во Милано на 20 февруари, а планирано е да ги заменат постарите модели во текот на следните две години.
Досега нема официјален коментар од „АТМ“.
