Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска остварил средба со претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, на која, како што информира премиерот на својот фејсбук-профил, разговарале за зајакнување на билатералните односи, унапредување на регионалната соработка и заедничките евроинтеграциски процеси.
На средбата, како што објави Мицкоски, била истакната важноста од одржувањето на стабилноста и продлабочувањето на партнерството меѓу двете земји во интерес на граѓаните на двете земји.
Албанскиот претседател Бајрам Бегај, кој од вчера престојува во официјална посета на земјава, денеска беше пречекан и од претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.
Мицкоски денеска остварил средба со министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, на која, како што информира, разговарале за унапредувањето на билатералната соработка, продлабочувањето на економските и политичките односи, како и за заедничките европски перспективи и регионалната стабилност.
