Трамп сè уште инсистира на тоа дека победил на претседателските избори во 2020 година и дека изгубил втор мандат поради местење на гласовите
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека најверојатно ќе учествува во трката за функцијата претседател на САД во 2024 година и дека наскоро ќе го објави својот план.
„Двапати се кандидирав. Двапати победив. Вториот пат бев многу подобар, добив милиони повеќе гласови во 2020 година отколку во 2016 година, повеќе гласови од кој било друг актуелен претседател во историјата. Сега, за да ја направам нашата земја просперитетна, безбедна и голема, ќе го направам тоа повторно многу, многу, многу веројатно“,
рече Трамп на митингот во Ајова.
Тој им порача на своите поддржувачи да се подготват и дека наскоро ќе има новости.
Трамп сè уште инсистира на тоа дека победил на претседателските избори во 2020 година и дека изгубил втор мандат поради местење на гласовите.
Се очекува Трамп и американскиот претседател Џозеф Бајден да ги објават своите претседателски кандидатури по конгресните избори на 8 ноември.
Donald Trump at Iowa Rally: “You could take the five worst presidents in American history and put them together, and they would not have done the damage Joe Biden has done to our nation in two short years.” pic.twitter.com/snHVWaOHsO
— Becker News (@NewsBecker) November 4, 2022