Претходно, шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „360 степени“ потврди дека прибираат докази на три локации во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, набавен од страна на Рашковски
Тимот истражители предмалку го напушти седиштето на фирмата „Инкова гроуп“ во рамките на предистрагата за набавката на софтверот што ја спровел поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски.
Од видеото што го сними екипата на „360 степени“ од пред објектот каде што се наоѓа фирмата, претресот го вршел шестчлен тим истражители.
Претходно, шефицата на Основното јавно обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска, за „360 степени“ потврди дека прибираат докази во рамки на предистрагата отворена за случајот со софтверот за сообраќајни прекршоци во вредност од 81 000 евра, набавен од страна на Рашковски.
Освен во седиштето на „Инвока гроуп“, претреси се вршат на уште две адреси на физички лица. Како што дознава „360 степени“, од Обвинителството побарале и полициска придружба во спроведувањето на денешното прибирање докази.
„360 степени“ објави за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што Рашковски го купил од „Инвока гроуп“, наводно за потребите на Министерството за внатрешни работи, иако оттаму тврдат дека ниту знаеле за набавката ниту, пак, планираат да го користат. „360 степени“ откри и дека токму Рашковски е сопственик на патент за сличен систем, а во низата стории на оваа тема објавивме и други спорни околности околу овој случај.
Случајот го испитува и Антикорупциската комисија.