Во несреќата, според информациите што ги пренесува „Чајна дејли“, нема жртви, а утринава од болница биле отпуштени 423 лица, 25 лица се на опсервација, а 67 лица се задржани на лекување

Над 500 лица се повредени во синоќешната несреќа во метро во Пекинг, која, според Пекиншката општинска комисија за транспорт, била предизвикана од ненадејно сопирање и лизгави шини поради снег.
„Лизгавите шини предизвикаа проблем со сигналот поради што првиот воз нагло закочи, а оној зад него не сопре навреме“,
соопшти Комисијата.
По несреќата во болница се пренесени вкупно 515 лица, а 102 се здобиле со скршеници.
Во несреќата, според информациите што ги пренесува „Чајна дејли“, нема жртви, а утринава од болница биле отпуштени 423 лица, 25 лица се на опсервација, а 67 лица се задржани на лекување.
An major accident of the Chinese subway metro has occurred in #Beijing after failure of emergency breaking system. 102 people have been seriously injured with multiple fractures. Evacuation of victims is in process. pic.twitter.com/mK4R61mvU3
— Nepal Correspondence (@NepCorres) December 15, 2023
Според информациите од операторот, линијата на метрото ќе работи нормално, освен делниците погодени од инцидентот.
„Со цел да се обезбеди безбедно функционирање на возовите што сообраќаат над земја или на издигнати шини за време на екстремни временски услови, возовите нема да сообраќаат автоматски, туку ќе се управуваат рачно и ќе се движат со помала брзина. Автобуските линии ќе бидат зголемени вдолж линиите на метрото“,
се вели во соопштението за печатот од метрото во Пекинг.
More videos and pictures about the accident of the Beijing subway.pic.twitter.com/eoYJAJz6mm
— Open Resources Translation (@anonsuoi) December 14, 2023
Пекинг од средата го зафати обилен снег со ниски температури, а студен бран ја погоди северна Кина.
На снимките објавени на социјалните мрежи се гледа дека има патници на подот и делумно исклучени светла, додека некои патници користат чекани за итни случаи за да се обидат да ги скршат прозорците на возот и да избегаат. На други видеа се гледа како пожарникарите помагаат да се евакуира постар возач додека заглавените патници се борат низ длабок снег за да го напуштат местото на настанот.
„Искрено се извинуваме за несреќата што се случи вечерва. Патниците што го напуштиле објектот без придружба за време на евакуацијата и не се чувствуваат добро можат да нè контактираат во секое време. Ние ќе ги покриеме трошоците за нега“,
додаваат операторот на возот во Пекинг.