Министерката за образование и директорот на Државен студентски центар, по денешната посета на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, подетално информираа како ќе оди сместувањето во домовите
Од понеделник, студентските домови во Скопје се отвораат за студентите.
Домовите ќе функционираат според посебни протоколи, со ограничен број станари. Министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на Државен студентски центар Дарио Николовски, по денешната посета на студентскиот дом „Кузман Јосифовски-Питу“, подетално информираа како ќе оди сместувањето во домовите.
Царовска рече дека во домовите се примени 1 614 студенти, така што има и слободни места.
