Одбраната на Србија попушти во 63. минута кога Ричарлисон го отвори резултатот. Бразил поведе 1:0. Десет минути по првиот гол, Ричарлисон го постигна вториот со извонреден волеј
Бразил вечерва слави победа над Србија со 2:0 во натпреварот од првото коло на Мундијалот во Катар.
Од самиот почеток на натпреварот, доминираа Бразилците. Српската одбрана издржа и првото полувреме заврши со 0:0.
Фудбалерот на Јувентус, Aлекс Сандро во 60. минута со силен удар од далечина ја погоди стативата од голот на Србија.
Одбраната на Србија попушти во 63. минута кога Ричарлисон го отвори резултатот. Бразил поведе 1:0. Десет минути по првиот гол, Ричарлисон го постигна вториот гол со извонреден волеј.
WHAT A GOAL — RICHARLISON pic.twitter.com/hZCaDcUVHk
— Thierry Nyann 🇬🇭 (@nyannthierry) November 24, 2022
Фото: Фејсбук/FIFA World Cup Qatar 2022