Во полициското соопштение се вели дека против лицето се преземаат соодветни мерки согласно Законот за безбедност за сообраќајот на патиштата
Полицијата го повика сопственикот на патничко моторно возило марка „форд“ со скопски регистарски таблички, со кое го попречувал сообраќајот на крстосницата на улицата „Васил Војвода Чакаларов“ во Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Во описот за настанот се вели дека во Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје е повикано лицето Ш.А., сопственик на возило марка „форд“, бидејќи на 7 октомври со возилото го попречувал сообраќајот на крстосница во Скопје.
Видео од настанот беше објавено и на социјалните мрежи, што предизвика многубројни реакции од граѓаните.
Како што објавија дел од медиумите, на видеото се гледа како лицето, од засега непознати причини, со автомобил го попречува сообраќајот на крстосница во Скопје, при што вади албанско знаме и запира други возила.
Во полициското соопштение се вели дека против лицето се преземаат соодветни мерки согласно Законот за безбедност за сообраќајот на патиштата.
