Полицијата во Минск употреби водени топови и приведе неколкумина за време на дешените протести во главниот град на Белорусија.
Граѓаните се собраа да протестираат откако во јавноста излезе информација за ненадејната инаугурација на белорускиот претседател Александар Лукашенко.
Во Белорусија речиси секојдневно има протести од изборите минатиот месец, на кои Лукашенко извојува убедлива победа, но неговите противници велат дека резултатите од гласањето биле наместени. Ниу белоруската опозииција ниту ЕУ не ги признава резултатите од изборите.
Инагурацијата на Лукашенко се одржа денеска без претходна најава.
Членот на Координативниот совет на опозицијата Павел Латушко на социјалните мрежи напиша ека тој и неговите сојузници никогаш нема да ја прифатат фалсификуваната изборна победа на Лукашенко и побараа нови претседателски избори.
Лидерот на опозицијата Светлана Тихановскаја во неколку наврати ги повика своите сограѓани да не се спротивставуваат на полицијата и да не ги ризикуваат своите животи за време на протестите.