Пожарот бил пријавен во понеделникот доцна попладне, а на пожарникарите им биле потребни повеќе од три часа да го стават огнот под контрола, пренесува АП
Во пожар во компанија која се занимава со производство на хемикалии и други индустриски стоки, во централната кинеска провинција Хенан, загинаа 38 лица, а две лица се повредени, соопштија денеска локалните власти.
Пожарот бил пријавен во понеделникот доцна попладне, а на пожарникарите им биле потребни повеќе од три часа да го стават огнот под контрола, пренесува АП.
Засега не се знае што го предизвикало пожарот, но не се знае ниту конечниот биланс на жртви, пренесува Танјуг.
Спасувачите користеле булдожери за да го урнат ѕидот за да стигнат до преживеаните, додека црн чад го прекри небото.
Кина има долга историја на индустриски несреќи предизвикани од недоволно почитување на безбедносните мерки и процедури.
Лошите услови за складирање, заклучените излези и недостигот на противпожарна опрема често се наведуваат како директна причина за пожарите, наведува агенцијата.