Петтемина штипјани, што загинаа во пожарот во Кочани, денеска беа погребани на гробиштата во Штип со почести од високи свештени лица на МПЦ-ОА

Штипјани денеска им оддадоа последна почит на сограѓаните Дамјан Таневски, Филип Ивановски, Филип Стевановски, Александар Коларов и Александар Ефремов.
Петтемина штипјани, што загинаа во пожарот во Кочани, денеска беа погребани на гробиштата во Штип со почести од високи свештени лица на МПЦ-ОА.
Од Таневски и Ивановски граѓаните со цвеќе и достоинствено во тишина се простуваа во Соборниот храм „Свети Никола“.
Во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ во штипско Ново Село штипјани се простија од баџанаците и членови на групата ДНК, Филип Стевановски и Александар Коларов, а во црквата „Света Троица“ на гробиштата во Штип граѓаните, роднините и пријателите се простија од Александар Ефремов, фотограф на ДНК.
На трите места каде што се оддаваше последна почит на загинатите беа присутни тимови на Црвениот крст и екипи на Итната помош.