На снимката се гледаат изгорени станбени згради и празни улици во градот во кој некогаш живееле речиси половина милион луѓе
Украинскиот новинар Илија Пономаренко денеска на Твитер објави шокантно видео од окупираниот украински град Мариупол, кој беше освоен од Русите по долга опсада во која градот беше целосно уништен.
„Мариупол. Пеколни сцени на руското ‘ослободување’“,
напиша новинарот покрај видеото.
На снимката се гледаат изгорени станбени згради и празни улици во градот во кој некогаш живееле речиси половина милион луѓе.
Градот цели два месеца го бранеа Азовскиот полк и украинските маринци од избезумени руски напади. Тие долго време се спротивставуваа на нападите од фабриката за челик „Азовстал“ и на крајот, кога им снема муниција, им се предадоа на силите на руската армија и на проруските сепаратисти.
Mariupol.
— Illia Ponomarenko 🇺🇦 (@IAPonomarenko) December 20, 2022
The hellscape of Russian “liberation.” pic.twitter.com/TKRXFLG65N