Среќниот фаќач беше даруван од архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан, од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и од повеќе спонзори на манифестацијата
Седумнаесетгодишниот Ѓорѓи Николовски од Скопје е најсреќниот од над 150 пријавени верници кој го фати светиот крст во Скопје, каде поглаварот на МПЦ-ОА, г.г. Стефан ги осветуваше водите на реката Вардар.
„Се најдобро за сите, Господ е голем, Господ гледа се, сите да имаат единство и да се обедини Македонија и македонскиот народ“,
кажа тој по фаќањето на крстот.
Среќниот фаќач беше даруван од архиепископот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) г.г. Стефан, од градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска и од повеќе спонзори на манифестацијата.
На положувањето на чесниот крст му претходеше литија од црквата „Рожденство на Пресвета Богородица“, каде претходно се одржа литургија.
Скопската православна епархија при МПЦ-ОА, како и секоја година, така и оваа го организира традиционалното осветување на водите на реката Вардар и чинот на положување на чесниот крст.