Опозициската партија на прес-конференција побара од премиерот Димитар Ковачевски да каже дали и зошто не служел воен рок во 2001 година
ВМРО-ДПМНЕ користи измислици за Ковачевски да го сврти вниманието од расколот во партијата и од улогата на Мицкоски во спорниот тендер за пречистителна станица од 136 милиони евра, одговори денеска портпаролот на СДСМ и пратеник Дарко Каевски, откако претходно опозициската партија на прес-конференција побара од премиерот Димитар Ковачевски да каже дали и зошто не служел воен рок во 2001 година.

„Мицкоски, шпицниот градоначалник, заедно со ВМРО-ДПМНЕ преку измислици се обидуваат да го оттргнат и да направат дефокус на она што се случува и во ВМРО-ДПМНЕ, односно расколот што се случува и со Данела Арсовска, но и она што денеска се случува со Никола Мицевски. Очигледно се обидуваат да го свртат вниманието со цел да не одговорат на она што граѓаните го очекуваат како одговори, односно која е улогата на шпицниот градоначалник во тендерот вреден 136 милиони евра и денеска преку измислици преку воениот дезертер Ковачки се обидуваат повторно да ја скриат вистината и да не даваат одговори на она што граѓаните го очекуваат и токму оттука ќе го повикам да даде одговори за тоа која е неговата улога во спорниот тендер и зошто веќе неколку дена Мицкоски молчи и не дава одговори на сите овие прашања“,
рече Каевски, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција.