По првичните реакции на опозицијата за новата наредба на администрацијата на САД, од владејачката партија велат дека ВМРО-ДПМНЕ им врти грб на граѓаните и на нашиот најважен стратешки сојузник
СДСМ ја поздравува последната одлука на претседателот на САД, Џо Бајден, соопшти на прес-конференција пратеникот на владејачката партија Миле Талевски, кој, исто така, ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека е против Преспанскиот договор и дека им врти грб на граѓаните и на нашиот најважен стратешки партнер.
„Се редат изјави на функционери од ВМРО-ДПМНЕ дека и понатаму оваа партија е против Договорот од Преспа. ВМРО-ДПМНЕ е против државните интереси, против членството во НАТО и во ЕУ, против нашите стратешки партнери. За нив не се важни интеграциите на татковината, ниту нејзината иднина. Тие се само за блокади“,
изјави Талевски.
