Агенцијата за управување со катастрофи на Јапонија соопшти дека жена на 70-годишна возраст била пронајдена мртва под снег што ненадејно паднал од покрив врз неа во градот Нагаи во префектурата Јамагата, околу 300 километри северно од Токио, каде што во саботата натрупа снег во висина од 80 сантиметри
Освен Соединетите Американски Држави, обилни врнежи од снег зафатија делови од Јапонија при што усмртија најмалку 17, а повредија повеќе од 90 лица, јави Гласот на Америка. Многумина од нив починале додека го чистеле снегот од покривите или биле затрупани од снег што паѓале од покривите.
Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека жена на 70-годишна возраст била пронајдена мртва под снег што ненадејно паднал од покрив врз неа во градот Нагаи во префектурата Јамагата, околу 300 километри северно од Токио, каде што во саботата натрупа снег во висина од 80 сантиметри.
Локалните власти од регионите погодени од снежни врнежи ги повикаа жителите да бидат внимателни при активностите за отстранување на снегот околу нивните домови.
Многу делови од североисточна Јапонија регистрирале трипати повеќе снег од просечните врнежи за оваа сезона.
Поради обилните снежни врнежи, блокирани се стотици возила на автопатите, а голем број домови се оставени без струја. Министерството за економија и индустрија соопшти дека обилниот снег далновод на најсеверниот главен остров во Јапонија оставајќи околу 20 000 дома без струја на божиќното утро, иако струјата била обновена во повеќето области подоцна истиот ден.
Откажани биле и десетици возови и авионски летови.
Обилни снежни врнежи деновиве има и во САД, поради кои, според послениот биланс, загинале 34 лица. Најтешко е погоден градот Бафало во државата Њујорк, каде што животот го загубиле 12 лица.