Намалувањето на цените за паркинг, враќањето на зелениот бран на булеварите, чистењето на повеќе од 150 диви депонии, воведувањето ноќни автобуски линии, формирањето на еко-совет, се меѓу проектите со кои се пофали Арсовска. Кога станува збор пак, за покрупни капитални проекти планирани за наредниот период, градоначалничката не сакаше да открива на денеска. Рече дека од следната прес-конференција ќе почне системски да ги објавува планираните инфраструктурни проекти
Градоначалничката зборуваше и за нивелирањето на шахти, активност која, како што рече, наишла на исмевање од претставниците на минатата власт односно истите оние кои изминатите години не го направиле тоа. Градот во првите 82 дена од нејзиниот мандат, рече, успеал да изнивелира 62 шахти, нешто што не можела да го направи минатата градска власта и затоа според Арсовска, тоа треба да биде срам на претходниците, а гордост на актуелната власт во Градот

И покрај нападите кон мене во изминатиот период, реализиравме сè што ветивме во кампањата за првите 82 дена од мандатот, рече денеска градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, давајќи отчет за сработеното досега.
Меѓу првите работи со кои се пофали Арсовска е чистењето на повеќе од 150 диви депонии што, според неа, било најмасовната акција за чистење спроведена во некогаш земјава.
„За овие 82 дена успеавме да исчистиме над 150 диви депонии, покрај мапираните 120 кои беа детектирани за време на кампањата. За прв пат по децении во Скопје се спроведе акција за чистење на дивите депонии каде што се согоруваше опасен отпад, што претставуваше извор на загадување на воздухот, почвите и подземните води со што директно се влијае на квалитетот на живот на граѓаните. За да им овозможиме увид на граѓаните креиравме наменски линк со мапираните диви депонии, а воедно и почнавме со постапување по пријави за нивно чистење“,
рече Арсовска.
Меѓутоа, на новинарско прашање зошто на пример, не е исчистена дивата депонија во Шуто Оризари која можеби е и најголемата во Скопје, градоначалничката рече дека се чистеле прво оние депонии кои биле мапирани и најави дека сега по допрен глас ќе го направат тоа, за што изрази уверување дека ќе има волја и од тамошниот градоначалник Курто Дудуш.
Градот, рече Арсовска, започнал и со зачестени контроли на редовен и вонреден неселективен инспекциски надзор и воспоставување на системски решенија, а изречени се и драконски казни за загадувачите. Од областа на екологијата, градоначалничката се пофали и со формирањето на еко-совет, како и со тоа што е инициран предлог-закон за прогласување на Водно за заштитена парк шума.
„Градскиот еко совет кој го формиравме го сочинуваат 25 експерти, професори и претставници на граѓански организации од областа на урбаното планирање, урбанизмот, архитектурата, сообраќајот, енергетиката и заштитата на животната средина. Тој има за цел креирање политики од областа на екологијата, сообраќајот, урбаното планирање на градот, да предлага стратегии и да дава совети за иднината на развојот на Скопје“,
рече Арсовска.
Во врска со јавниот превоз, таа посочи дека е спроведено менување на линискиот ред на автобуските односно направено е тие да сообраќаат во помали временски интервали, да одат во „заборавените“ населени места, а повторно се воведени и ноќните линии.
Во однос на сообраќајот, Арсовска кажа и дека е реализирано ветувањето за поевтин паркинг, вратени се зелените бранови на булевари, а поставени се и бројчаници на семафорите на оние крстосници каде не се следи преку камери движењето на ЦУКС.
Градоначалничката зборуваше и за нивелирањето на шахти, активност која, како што рече, наишла на исмевање од претставниците на минатата власт односно истите оние кои изминатите години не успеале да ги изнивелираат шахтите. Градот во првите 82 дена од нејзиниот мандат, рече, успеал да изнивелира 62 шахти, нешто што не можела да го направи минатата градска власта и затоа според Арсовска, тоа треба да биде срам на претходниците, а гордост на актуелната власт во Градот.
Отворањето на 24-часовна телефонска линија, формирањето служба за брза реакција од сите претставници на градските институции, отворената електронска пошта за комуникација со скопјани, се меѓу проектите кои Арсовска ги посочи како реализирани.
Градоначалничката кажа и дека Градот ги ревидира и приспособува правилниците за процени на данок на имот, со цел имотот да не биде преценет и скопјани да плаќаат фер даноци.
Таа рече дека почната е и постапка за ветинг за директорите и раководителите во јавните институции под надлежност на Град Скопје, а во иднина секое лице кое ќе аплицира за одредена позиција или унапредување ќе мора да го помине процесот на проверка.
„Во првите 82 дена од мандатот исполнето е и ветувањето за пристапност на лицата со попреченост до сите градски институции, кое беше едно од приоритетните ветувањата и истото беше реализирано во најбрз можен рок. Овој чекор е само почетокот на стратегијата за институциите под надлежност на Град Скопје да биде достапен и пристапен за сите граѓани. Со реализација на ова ветување приспособен е пристапот за лицата со попреченост во 9 јавни претпријатија, 7 јавни и културни установи и во 23 средни училишта во градот Скопје“,
вели Арсовска.
Како реализирано ветување таа го наведе и формирањето на Совет за поддршка на женско претприемништво, кој обединува 25 организации и експерти од областа, кои ќе работат со цел овозможување услови за зголемено економско јакнење и финансиска независност на жените.
Покрај ветеното за првите 82 дена, Арсовска вели дека направила и работи кои не биле меѓу ветувањата за овој период, како што е потпишување на колективен договор со синдикалната организација на Град Скопје, пуштање повторно во функција на жичницата до Водно, 24-часовна работа на градската библиотека „Браќа Миладиновци“,
Кога станува збор пак, за покрупни капитални проекти планирани за наредниот период, градоначалничката не сакаше да открива на денеска. Рече дека од следната прес-конференција ќе почне системски да ги објавува планираните инфраструктурни проекти.