Кије Софеак, портпарол на Министерството за внатрешни работи, претходно изјави дека не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на несреќата
Според новите податоци на локалните власти, најмалку 19 лица загинаа, а десетици се сметаат за исчезнати во огромниот пожар што синоќа го опустоши казиното на хотелскиот комплекс „Гранд дајмонд сити“ во Камбоџа, на границата со Тајланд.
Околу 400 вработени и гости биле во казиното и хотел во градот Попет кога пожарот избувнал околу полноќ, соопштија властите. Пожарот во моментов е под контрола.
„Бројот на жртвите би можел да надмине дваесет. Шеесет лица се повредени, а се трага по уште триесетина“,
изјави Сек Сохом, портпарол на локалната власт на провинцијата Бантеај Меанчеј.
Кије Софеак, портпарол на Министерството за внатрешни работи, претходно изјави дека не е познато колку луѓе имало во зградата во моментот на несреќата.
„Не знаеме колку луѓе се заробени во зградата и сè уште се обидуваме да спасиме животи“,
рече тој.
Причината за пожарот се уште не е соопштена.
На граѓаните на Камбоџа, една од најсиромашните земји во Азија, им е забрането да се коцкаат во казината во Пном Пен, главниот град на Камбоџа и на границите со Виетнам и Тајланд, привлекуваат посетители од други азиски земји каде коцкањето е забрането и се важен дел од туристичката индустрија. Казината во Попет се многу популарни за кратки посети од Тајланд каде коцкањето е забрането.
Тајландските власти објавија дека најмалку 25 лица повредени во пожарот се згрижени во нивните болници во провинцијата Са Каео, која граничи со Поипет. Тие потврдија дека еден Тајланѓанец починал во болница од повредите, а 70 отсто настрадале од вдишување чад.
Стотици војници, полицајци и пожарникари се приклучија на спасувачката операција и ја пребаруваа запалената област за преживеани. Во последните месеци во Југоисточна Азија избувнаа неколку смртоносни пожари во ноќни клубови, кои главно не ги почитуваат безбедносните прописи.
Во август во пожар во дискотека во близина на Патаја во Тајланд загинаа 26 лица, главно млади луѓе кои дошле да се забавуваат. Еден месец подоцна, 32 лица загинаа во пожар во караоке-бар на периферијата на градот Хо Ши Мин, Виетнам.