Генералниот секретар на Владата на денешната прес-конференција се извини за навредите што можеа да се слушнат во разговорот снимен во неговиот кабинет, а подоцна објавен на rutube.ru.
„Ја преземам обврската да се извинам кон сите држави и народи кои во негативна конотација беа споменати во разговорот. До небо се извинувам, пред се кон Италија, која е наш голем поддржувач, но и кон ромската заедница ако се нашла повредена, имам мал милион пријатели од ромската заедница“,
изјави Рашковски.