Смета дека зголемување на минималната плата мора да им во март и е неопходно во услови кога трошоците за живот постојано растат, а голем број работници едвај ги покриваат основните потреби
Работници се спречени да дојдат на протестот поради закани, но не ви се плашиме. Ова е пораката што претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов ја упати пред присутните на работничкиот протест пред Владата.

Протестот денеска во 12:05 часот почна пред Работничкиот дом во Скопје, продолжи пред Собранието, за на крајот да заврши пред зградата на Владата.
Барањата, како што вели Трендафилов, остануваат исти – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите работнички плати за 6 000 денари.
„Голем број работници денеска се спречени да дојдат зашто им се закануваат. Ги уценуваат со губење на нивните работни места и губење на нивната плата. Но, без оглед на тоа, не ви се плашиме. Дојдовме за зголемување на платите и пак ќе дојдеме“,
рече тој.
Им порача на владините претставници дека не треба да се плашат од народот, од работниците, оти ова е работнички протест, организиран од работниците за работниците,.
„Никој тука нема политички амбиции. Се бориме за зголемување на работничките плати“,
вели претседателот на ССМ.
Според него, без работници нема држава, а нема ниту власт.
„Вие сте ненародна Влада, не направивте ништо за народот“,
кажа Трендафилов.
Смета дека зголемување на минималната плата е неопходно во услови кога трошоците за живот постојано растат, а голем број работници едвај ги покриваат основните потреби.
„Во март мора да има зголемување на минималната плата, бидејќи работниците со својот труд ја заработуваат. Им заработуваме многу повеќе од тоа што тие не плаќаат“,
вели тој.
Според него, сегашните предлози за усогласување на минималната плата се недоволни и не ја следат реалната состојба со цените и животниот стандард.
Инаку, ССМ го отфрла законското усогласувањее од 1 667 денари со аргумент дека само во последните два месеци вреедноста на синдикалната минимална кошница пораснала за 2 000 денари, а усогласувањето не го покрива ниту растот на трошоците за живот.
