Според извештаите, инцидент бил пријавен во неделата по 19 часот по локално време. Напаѓачот е меѓу загинатите
Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркет во трговски центар во Орегон, соопшти полицијата, пренесува Еј би си Њуз.
Според извештаите, инцидент бил пријавен во неделата по 19 часот по локално време. Напаѓачот е меѓу загинатите.
Полицијата верува дека напаѓачот влегол во трговскиот центар од задната страна и отворил оган прво на паркингот, а потоа и во продавницата.
BREAKING: Gunman is dead and two others are killed after shots fired inside an Oregon Safeway supermarket when a "suspect wearing all black and carrying two duffel bags entered the store."
— BNN Newsroom (@BNNBreaking) August 29, 2022
Bend is 175 miles south-east of Portland. Incident occurred in the Forum Shopping Center. pic.twitter.com/NQMTkmSgLN
Тој влегол во супермаркетот и пукал во најмалку едно лице во близина на западниот влез. Лицето било пренесено во локалната болница, но потоа починало.
Осомничениот продолжил да се движи во супермаркетот и повторно пукал во едно лице.
Кога полицијата пристигнала на местото на настанот пронашла уште едно мртво лице за кое се претпоставува дека е напаѓачот, но, како што е соопштено, не бил застрелан од полициски службеници.
Непознат е идентитетот на осомничениот напаѓач и на жртвите.