Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси човекот што пукаше кон Фицо
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо, денеска бил застрелан во Хандлова каде што се одржувала седницата на владата.
Според првичните информации, Фицо по седницата излегол пред Домот на културата каде што ги поздравувал луѓето и во тој момент се слушнале истрели, јавува „Гардијан“.
Според информациите, премиерот бил застрелан со неколку истрели во градите и стомакот.
На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како обезбедувањето го внесува ранетиот Фицо во автомобил.
?? | URGENTE: Imágenes del primer ministro eslovaco Robert Fico siendo llevado a su coche tras recibir varios disparos en un intento de asesinato. El atacante ha sido detenido. pic.twitter.com/HcxSa1FJZx
— Alerta News 24 (@AlertaNews24) May 15, 2024
Тој е префрлен со хеликоптер во болница во Братислава.
Министерството за внатрешни работи на Словачка соопшти дека се работи за атентат.
Местото каде што се случило пукањето е обезбедено, а за другите членови на владата се грижеле полицајци и обезбедувањето.
Засега нема информации за состојбата на Фицо.
Напаѓачот е уапсен на самото место.
Неколку минути по пукањето, на интернет се појави видео на кое се гледа како полицијата го апси човекот што пукаше кон Фицо.
На видеото се гледа како петмина полицајци во општиот метеж и паника го апсат напаѓачот.
Robert Fico’nun saldırıda yaralandığı ve hastaneye kaldırıldığı, saldırganın yakalandığı bildirildi.
— DarkWeb Haber (@Darkwebhaber) May 15, 2024
pic.twitter.com/1f9ITjcBYj https://t.co/KaJ0gQswxC