Дел од насобраните во Истанбул, како што пренесуваат светските медиуми, од пред градското собрание извикувале „Ердоган, диктаторе!“ и „Имамоглу, не си сам!“, а имало и судир со полицијата, при што бил користен и солзавец за да се растераат демонстрантите од пред Универзитетот во Истанбул

Илјадници демонстранти синоќа се собраа во кампусот на Универзитетот во Истанбул протестирајќи поради приведувањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу.
Протестите се одржаа и покрај четиридневната забрана за јавни собири и протести која трае до 23 март, со цел да се „одржи јавниот ред и да се спречат потенцијални провокации“.
Градоначалникот на Истанбул беше уапсен во акција во која се приведени и стотина политичари, бизнисмени и општински службеници обвинети за корупција и врски со терористички групи.
Дел од насобраните во Истанбул, како што пренесуваат светските медиуми, од пред градското собрание извикувале „Ердоган, диктаторе!“ и „Имамоглу, не си сам!“, а имало и судир со полицијата, при што бил користен и солзавец за да се растераат демонстрантите од пред Универзитетот во Истанбул.
Protests in Turkey are spreading to all cities. Almost all journalists who were supposed to report what was happening there to the world had their accounts censored by Elon pic.twitter.com/SZGy5bJNXo
— Anonymous🏴 (@Parrattarna) March 19, 2025
И покрај забраната за јавните собири во Истанбул, се очекуваат повеќе протести низ целата земја, бидејќи опозициските водачи, вклучително и сопругата на Имамоглу, ги повикуваат луѓето да „го кренат гласот“, пишува Би-би-си.
Протести имало и во главниот град Анкара, објави Халк ТВ. Студентите и полицијата се судриле на Универзитетот ОДТУ во Анкара, а демонстрантите наводно се приведени, пренесува агенцијата ДПА.
#Turkey #Istanbul pic.twitter.com/NTJf4gGQil
— Boris Alexander Beissner (@boris_beissner) March 19, 2025
Турските власти го приведоа главниот политички ривал на претседателот Реџеп Таип Ердоган, градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, како дел од истрагата за поврзаност со корупција.
Притворот на Имамоглу дојде откако Универзитетот во Истанбул објави дека му ја одзема универзитетската диплома поради неправилности.
Пред да биде приведен, Имамоглу на социјалната мрежа Икс објави видео од пред неговиот дом. Во видеото тој вети дека ќе „застане решителен“ за народот на Турција „и за сите кои ја поддржуваат демократијата и правдата ширум светот“.
Халк ТВ денеска пренесува дека адвокатот Еринч Сагкан се сретнал со Имамоглу, за кого вели дека е во добра здравствена состојба и со добар морал.
„Тој ја сподели со нас својата загриженост за ерозијата на довербата на јавноста во законот, особено за операциите на главните јавни обвинителства спроведени со овие операции. Тој го објасни негативното влијание на ова и врз граѓаните и врз економијата во Турција. Всушност, тој ги сподели со нас не само неговата индивидуална, туку и социјалната и општата загриженост во врска со процесот“,
вели Сагкан во изјава за телевизијата.
Имамоглу е популарен опозициски политичар од Републиканската народна партија (ЦХП). Овој викенд требаше да биде номиниран како кандидат за претседател на државата, на неговата партија.
Услов да се кандидира за претседател е кандидатот да има високо образование.
Универзитетот соопшти дека ги прогласува дипломите на 28 лица, вклучително и на Имамоглу, како „неважечки“ поради „очигледна грешка“.