Видеото од чинот на Машал стана вирално, а Шабнам Насими, поранешен политички советник, го сподели видеото на Твитер
Професорот од Кабул, Исмаил Машал, си ги искинал дипломите за време на телевизиски настап во Авганистан. Овој чин беше знак на протест против талибанците кои им забранија на жените да се школуваат на универзитетите. Машал е основач на приватен колеџ и предавач на Универзитетот во Кабул.
Машал со солзи во очите и треперлив глас ги искина дипломите за време на гостувањето на каналот Толо њуз.
„Од денес веќе не ми требаат тие дипломи бидејќи оваа земја не е место за образование. Ако моите сестра и мајка не можат да студираат, тогаш јас не го прифаќам ова образование“,
рече тој, пренесе Си-ен-ен.
Тој додаде дека тоа се неговите оригинални магистерски и докторски дипломи. Видеото од чинот на Машал стана вирално, а Шабнам Насими, поранешен политички советник, го сподели видеото на Твитер.
„Зачудувачки сцени додека професорот на Универзитетот во Кабул ги уништува своите дипломи на ТВ во живо во Авганистан“,
напиша Насими покрај објавениот клип.
Astonishing scenes as a Kabul university professor destroys his diplomas on live TV in Afghanistan —
— Shabnam Nasimi (@NasimiShabnam) December 27, 2022
“From today I don’t need these diplomas anymore because this country is no place for an education. If my sister & my mother can’t study, then I DON’T accept this education.” pic.twitter.com/cTZrpmAuL6
На 20 декември, талибанците објавија дека универзитетскиот образование за сите студентки е суспендирано. Ваквата одлука беше донесена откако авганистанската влада веќе им забрани на девојчињата да посетуваат средно училиште во март годинава. По враќањето на власт, талибанците значително ги ограничија правата и слободите на жените, вклучувајќи го и нивниот пристап до јавните простори.
Во ноември на жените им беше забранет влез во сите паркови во Кабул. Истиот месец, талибански функционер во Кабул објави дека на жените ќе им биде забрането да одат во спортски сали низ целата земја. Правилата на талибанците исто така наложуваат дека жените мора да носат хиџаб и да се облекуваат скромно на јавни места.