Наводно станува збор за француски новинар кој известувал од источниот украински град Краматорск
Проектил експлодира десетина метри зад репортер кој се јави во живо во телевизиска програма известувајќи за Украина.
Видео од настанот објави белорускиот опозициски медиум „Некста“ наведнувајќи дека станува збор за француски новинар кој известувал од источниот украински град Краматорск.
A missile exploded a few dozen meters from a #French journalist who was in #Kramatorsk.
— NEXTA (@nexta_tv) January 2, 2023
Video: TMC pic.twitter.com/A4Z9Uy38Ge
Во однос на проектилите со кои Русија ја напаѓа Украина, украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното редовно вечерно обраќање изјави дека Москва планира долгорочна офанзива со дронови од Иран со цел да ја исцрпи украинската страна.
„Имаме информации дека Русија планира долгорочни напади користејќи беспилотни летала ’шахед‘, за исцрпување на нашиот народ, нашата воздушна одбрана, нашата енергија“,
рече Зеленски.
Тој уште истакна „Украина мора да дејствува и да направи сè за терористите да не успеат во својата цел, како што не успеаја и во другите цели“.