Илјадници граѓани кои беа уапсени како учесници во протестите во Минск, Белорусија, денеска беа ослободени.
Како што јавуваат странските медиуми, илјадниците демонстранти излегоа од притвор и пред камерите ги покажаат своите помодрени тела како резултат на полициската бруталност. Вознемирувачки се видеата и фотографиите кои пристигнуваат деновиве од Белорусија.
„Во ќелија предвидена за пет лица, ние бевме 25. Цела ноќ се слушаше дека некој е тепан од страна на полицијата“,
вели еден од демонстрантте кој неколку дена ги помина во притвор.
Протестите во Белорусија се одржуваат шести ден по ред како револт од резултатите од претседателските избори во кои повторно победи Александар Лукашенко. Европската унија ги оцени изборите како „ниту демократски, ниту фер“.

Главниот противкандидат на Лукашенко му беше Светлана Тихановскаја, која на денот на изборите ја напушти земјата од безбедносни причини и замина во Литванија.Таа соопшти дека добивала закани по нејзиниот и животот на нејзиното семејство. Нејзиниот сопруг е исто така во притвор, бидејќи сакаше да се кандидира за претседателските избори. Но, откако го приведоа, Светлана реши таа да се кандидира со цел да го победат Лукашенко, а потоа таа вети дека ќе распише нови избори.
Лукашенко е познат уште како и „последниот дикатор во Европа“, бидејќи тој во континуитет е на власт уште од 1994 година.
Во Белорусија протестите излегоа од контрола, а неколкупати демонстрантите се судрија со полицијата. Како што беше објавено за пет дена беа приведени 7 000 демонстранти, а дел веќе беа ослободени денеска.