Претресите се извршени со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, информираат од МВР
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал и Одделот за специјални полициски операции – ЕБР, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО Скопје, денеска спроведе координирана полициска акција во Казненопоправната установа „Идризово“ Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Претресите се извршени со цел пронаоѓање недозволиви или забранети предмети кај лица осуденици кои се на издржување казна затвор, додаваат од МВР.
„Постапувајќи по наредби за претрес, издадени од судија за претходна постапка, извршени се претреси во вкупно 14 ќелии и две соби во казненопоправната установа, при што биле пронајдени: поголема сума на парични средства од законски дозволените кои осудените лица можат да ги поседуваат во различни апоени и валути, таблет, 11 мобилни телефони, повеќе парчиња галантерија за мобилни телефони, неколку остри предмети, прашкаста материја, која била одземена. Останатите пронајдени предмети за време на претресот ќе бидат предадени на затворска служба за понатамошна постапка“,
се наведува во соопштението на МВР.