Во пожарот нема оштетени куќи, но изгореле 29 000 хектари борова шума и грмушки. На пожарникарите не им е лесно да ги гаснат пожарите во Тенерифе поради планинскиот терен околу некои градови
Шумскиот пожар кој беснее надвор од контрола во Тенерифе е намерно подметнат, соопштија шпанските власти.
Бројот на луѓе кои мораа да бидат евакуирани на островот по избувнувањето на пожарот во средата достигна повеќе од 12 000. Многу луѓе се евакуирани откако пожарот се прошири низ североисточните градови и села, пишува „Скај њуз“.
My home island is on fire 💙#Tenerife 🇪🇦 pic.twitter.com/k4OjfjbJk4
— Adan J. Suarez 💵💶 (@AdanJSuarez) August 18, 2023
Фернандо Клавио, регионален претседател на Канарските Острови, рече дека полицијата се сомнева дека пожарот е подметнат и дека истрагата се одвива во три насоки, но не откри дали имало апсења.
Стотици војници и пожарникари биле ангажирани да го стават пожарот под контрола, а подобрените временски услови им помогнале да постигнат подобар напредок вчера.
„Службите за итни случаи имаа некои позитивни резултати по многу тешка ноќ“,
рече гувернерката Роза Давила, пренесува „Скај њуз“.
🇪🇸 | LO ÚLTIMO: El Gobierno español declarará zona de catástrofe a Tenerife por el incendio forestal sin control. pic.twitter.com/x4Fgsm483p
— Alerta Mundial (@AlertaMundial2) August 21, 2023
Многу мештани се засолниле во спортски сали, клубови и павилјони, а во пожарот нема повредени. Се повикуваат луѓето да останат во затворени простории поради лошиот квалитет на воздухот и да носат маски доколку мора да излезат.
Во пожарот нема оштетени куќи, но изгореле 29 000 хектари борова шума и грмушки. На пожарникарите не им е лесно да ги гаснат пожарите во Тенерифе поради планинскиот терен околу некои градови.
Во гаснењето на пожарот помагаат хеликоптери и авиони кои носат вода. Канарските Острови се соочуваат со суша во последните неколку години. Поради променливите временски обрасци предизвикани од климатските промени, врнежите беа под просекот.
На шпанското копно во следните неколку дена се очекува да биде многу топло, а во среда и во четврток температурите ќе надминат 40 Целзиусови степени.
Фото: EPA-EFE/MILITARY EMERGENCY UNIT